Политика на приватност
Важи од 27.10.2026.
Оваа политика објаснува кои лични податоци ги обработува Греен Телекомуникации ДООЕЛ Прилеп (Green Mobile) кога ја користите веб-страницата www.greenmobile.mk, Moj Green на веб-страницата и апликацијата Moj Green за телефон: зошто, колку долго ги чуваме и кои се вашите права. За податоците што ги обработуваме како ваш оператор (претплатнички договор, сообраќај, сметки) важат и Општите услови (член 25 и член 28).
Кој ги обработува податоците
Друштво за комуникациски услуги Греен Телекомуникации ДООЕЛ Прилеп, ул. Питу Гули бр. 3/2-мезанин, 7500 Прилеп. Контакт центар: 073 173 173, е-пошта: info@greenmobile.mk.
Апликацијата Moj Green и Moj Green на веб-страницата
Во Moj Green ги гледате вашите линии, потрошувачката, сметките и уплатите, плаќате сметки со картичка и вклучувате или исклучувате дополнителни пакети. Она што го гледате доаѓа од нашиот систем (договорот, линиите, сметките). За да работи услугата, обработуваме и:
- Бројот на линијата, за најава. На бројот праќаме еднократен код по SMS. Кодот важи 10 минути, го чуваме само како шифриран отпечаток и се брише еден ден по истекот. Бројот и IP-адресата на обидите за најава ги чуваме еден ден, за да спречиме злоупотреби.
- Податоци за уредот и најавата: случаен број на инсталацијата, името на уредот како што го праќа телефонот или прелистувачот, платформата (iOS, Android, веб), верзијата на апликацијата, времето и IP-адресата на последното користење. Ги чуваме додека сте најавени (најавата трае до 60 дена од последното користење) и уште 30 дена по одјавата или истекот. Во Moj Green ги гледате вашите уреди и може да одјавите кој било од нив.
- Токен за известувања, ако ги дозволите известувањата на телефонот. Со него ви праќаме известувања за нова сметка и за примена уплата, со месецот и износот. Известувањата одат преку услугата Expo (650 Industries, Inc., САД) и службите за известувања на Apple и Google. Токенот се брише со одјавата. Кои известувања ги сакате и јазикот ги чуваме додека постои сметката, а пратените известувања 30 дена.
- Дневник на активностите: најави и одјави, плаќања, вклучени и исклучени пакети, со времето и IP-адресата, заради безбедност и за решавање приговори. Секој запис се чува 12 месеци, потоа се брише.
- Плаќања со картичка, преку системот за плаќање CPay. Податоците за картичката ги внесувате на страницата на CPay; Green никогаш не ги гледа и не ги чува. Ние го чуваме налогот за плаќање (сметките, износот, бројот на линијата, времето, IP-адресата, одговорот и бројот на трансакцијата од CPay) заедно со сметките, колку што бараат прописите за сметководствените документи. Потврдата за уплатата ја праќаме по SMS на линијата и по е-пошта на адресата од вашиот договор, ако ја имаме.
Moj Green на веб-страницата користи едно колаче (gsmg), само за најавата: се брише кога ќе го затворите прелистувачот, а по 30 минути без користење се одјавувате. Апликацијата и веб-страницата немаат реклами, не користат алатки за следење или аналитика и не ги продаваат вашите податоци.
Веб-страницата
- Без најава во Moj Green, страницата не поставува колачиња.
- Формулари (контакт, пренос на број, деловни корисници): податоците што ги внесувате (име, телефон, е-пошта, порака, податоци за бројот) ги користиме само за да одговориме на барањето и ги чуваме додека е потребно за тоа. IP-адресата ја чуваме само како шифриран отпечаток, за да спречиме злоупотреби.
- Плаќање сметка без најава: го внесувате бројот на сметката, бројот на линијата и, ако сакате, е-пошта за потврдата. Плаќањето оди преку CPay, исто како во Moj Green.
- Серверот ги бележи пристапите (адресата на страницата, времето, IP-адресата, прелистувачот) заради безбедност. Овие записи се чуваат 14 дена.
Зошто ги обработуваме
За да ја дадеме услугата што ја барате (претплатничкиот договор и Moj Green), поради законски обврски (Законот за електронските комуникации, прописите за сметководство) и поради легитимен интерес: безбедноста на системите и спречување злоупотреби. Известувањата ги праќаме само ако ги дозволите; може да ги исклучите во Moj Green или во поставките на телефонот.
Кој ги добива податоците
Само давателите на услуги што ни помагаат и што ги обработуваат податоците по наш налог: CPay (плаќања), Expo, Apple и Google (известувања), хостингот и техничката поддршка на серверите, и операторот на мобилната мрежа преку која Green ги дава услугите. На државни органи им даваме податоци само кога тоа го бара законот. Известувањата преку Expo, Apple и Google може да се обработуваат и надвор од Северна Македонија, со заштита согласно законот.
Вашите права
Може да побарате пристап до вашите податоци, исправка, бришење, ограничување на обработката и пренос на податоците, и да приговорите на обработката заснована на легитимен интерес. Барањето пратете го на info@greenmobile.mk, по пошта или во продажно место на Green; одговараме најдоцна за 30 дена. Ако сметате дека правата ви се повредени, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (azlp.mk).
Измени
Политиката ја менуваме кога се менуваат услугите или прописите. Новата верзија ја објавуваме на оваа страница, со датумот од кога важи.
Бришење на сметката во Moj Green
Сметката во Moj Green се прави сама при првата најава со SMS код. Ако сакате да ја избришеме:
- пишете ни на info@greenmobile.mk, со бројот на линијата, или
- јавете се во Контакт центарот на 073 173 173, по можност од таа линија, или дојдете во продажно место на Green.
Пред бришењето проверуваме дека барањето е од корисникот на линијата. Сметката ја бришеме најдоцна 30 дена по барањето и ве известуваме кога е избришана.
Се бришат: сметката, сите најави и уреди, токените и поставките за известувања. Телефоните се одјавуваат.
Остануваат: дневникот на активностите (секој запис до 12 месеци), налозите за плаќање (со сметките, колку што бараат прописите) и сè што е дел од претплатничкиот договор (линијата, договорот, сметките, уплатите): бришењето на сметката во Moj Green не го раскинува договорот. Ако подоцна повторно се најавите со SMS код, се прави нова сметка.
Privacy Policy
In force from 27 October 2026.
This policy explains which personal data Green Telekomunikacii DOOEL Prilep (Green Mobile) processes when you use the website www.greenmobile.mk, Moj Green on the website and the Moj Green phone app: why, how long we keep it, and what your rights are. For the data we process as your operator (the subscription contract, traffic, bills) the General Terms (articles 25 and 28) also apply.
Who processes the data
Green Telekomunikacii DOOEL Prilep, Pitu Guli 3/2 (mezzanine), 7500 Prilep, North Macedonia. Contact centre: +389 73 173 173, e-mail: info@greenmobile.mk.
The Moj Green app and Moj Green on the website
In Moj Green you see your lines, usage, bills and payments, pay bills by card and switch add-on packages on or off. What you see comes from our system (your contract, lines and bills). For the service to work we also process:
- Your line number, to log in. We send a one-time code to it by SMS. The code is valid for 10 minutes, is kept only as an encrypted fingerprint (hash) and is deleted one day after it expires. The number and IP address of login attempts are kept for one day, to prevent misuse.
- Device and login data: a random installation number, the device name as your phone or browser reports it, the platform (iOS, Android, web), the app version, and the time and IP address of the last use. We keep them while you are logged in (a login lasts up to 60 days from the last use) and for 30 more days after you log out or the login expires. In Moj Green you see your devices and can log any of them out.
- A notification token, if you allow notifications on your phone. We use it to tell you about a new bill and a received payment, with the month and the amount. Notifications go through the Expo service (650 Industries, Inc., USA) and the notification services of Apple and Google. The token is deleted when you log out. Which notifications you want and your language are kept while the account exists, sent notifications for 30 days.
- An activity log: logins and logouts, payments, add-ons switched on and off, with the time and IP address, for security and to settle complaints. Each entry is kept for 12 months, then deleted.
- Card payments, through the CPay payment system. You enter your card details on CPay's page; Green never sees or keeps them. We keep the payment order (the bills, the amount, the line number, the time, the IP address, CPay's answer and transaction number) together with the bills, as long as the rules on accounting records require. We send the payment receipt by SMS to the line and by e-mail to the address in your contract, if we have one.
Moj Green on the website uses one cookie (gsmg), only for the login: it is deleted when you close the browser, and you are logged out after 30 minutes without use. The app and the website have no ads, use no tracking or analytics tools and do not sell your data.
The website
- Without a Moj Green login, the website sets no cookies.
- Forms (contact, number porting, business customers): what you enter (name, phone, e-mail, message, details of the number) is used only to answer your request and kept as long as that takes. The IP address is kept only as an encrypted fingerprint, to prevent misuse.
- Paying a bill without logging in: you enter the bill number, the line number and, if you wish, an e-mail for the receipt. The payment goes through CPay, as in Moj Green.
- The server records visits (the page address, the time, the IP address, the browser) for security. These records are kept for 14 days.
Why we process it
To provide the service you ask for (the subscription contract and Moj Green), because the law requires it (the Law on Electronic Communications, accounting rules), and for our legitimate interest in keeping the systems secure and preventing misuse. We send notifications only if you allow them; you can switch them off in Moj Green or in your phone's settings.
Who receives the data
Only the service providers who help us and process the data on our behalf: CPay (payments), Expo, Apple and Google (notifications), the hosting and technical support of the servers, and the operator of the mobile network through which Green provides its services. We give data to state authorities only when the law requires it. Notifications through Expo, Apple and Google may also be processed outside North Macedonia, with the safeguards the law requires.
Your rights
You can ask for access to your data, correction, deletion, restriction of processing and data portability, and object to processing based on legitimate interest. Send your request to info@greenmobile.mk, by post or at a Green shop; we answer within 30 days. If you believe your rights have been breached, you can complain to the Personal Data Protection Agency (azlp.mk).
Changes
We change this policy when the services or the rules change. The new version is published on this page with the date it applies from. The Macedonian text is binding.
Deleting your Moj Green account
Your Moj Green account is created by itself the first time you log in with an SMS code. If you want us to delete it:
- write to info@greenmobile.mk with the line number, or
- call the contact centre on +389 73 173 173, preferably from that line, or visit a Green shop.
Before deleting it we check that the request comes from the user of the line. We delete the account within 30 days of the request and let you know when it is done.
Deleted: the account, all its logins and devices, the notification tokens and settings. Your phones are logged out.
Kept: the activity log (each entry up to 12 months), the payment orders (with the bills, as the rules require) and everything that is part of your subscription contract (the line, the contract, the bills, the payments): deleting the Moj Green account does not end the contract. If you log in again later with an SMS code, a new account is created.
Politika e privatësisë
Në fuqi nga 27.10.2026.
Kjo politikë shpjegon cilat të dhëna personale i përpunon Green Telekomunikacii DOOEL Prilep (Green Mobile) kur e përdorni faqen e internetit www.greenmobile.mk, Moj Green në faqen e internetit dhe aplikacionin Moj Green për telefon: pse, sa kohë i ruajmë dhe cilat janë të drejtat tuaja. Për të dhënat që i përpunojmë si operatori juaj (kontrata e abonimit, trafiku, faturat) vlejnë edhe Kushtet e përgjithshme (neni 25 dhe neni 28).
Kush i përpunon të dhënat
Green Telekomunikacii DOOEL Prilep, rr. Pitu Guli nr. 3/2 (mezanin), 7500 Prilep, Maqedonia e Veriut. Qendra e kontaktit: +389 73 173 173, e-mail: info@greenmobile.mk.
Aplikacioni Moj Green dhe Moj Green në faqen e internetit
Në Moj Green i shihni linjat, konsumin, faturat dhe pagesat tuaja, paguani fatura me kartelë dhe aktivizoni ose çaktivizoni paketa shtesë. Ajo që shihni vjen nga sistemi ynë (kontrata, linjat, faturat). Që shërbimi të funksionojë, përpunojmë edhe:
- Numrin e linjës, për kyçje. Në numër dërgojmë një kod njëpërdorimësh me SMS. Kodi vlen 10 minuta, ruhet vetëm si gjurmë e enkriptuar (hash) dhe fshihet një ditë pas skadimit. Numrin dhe adresën IP të përpjekjeve për kyçje i ruajmë një ditë, për të parandaluar keqpërdorimet.
- Të dhëna për pajisjen dhe kyçjen: një numër i rastësishëm i instalimit, emri i pajisjes siç e dërgon telefoni ose shfletuesi, platforma (iOS, Android, ueb), versioni i aplikacionit, koha dhe adresa IP e përdorimit të fundit. I ruajmë derisa jeni të kyçur (kyçja zgjat deri në 60 ditë nga përdorimi i fundit) dhe edhe 30 ditë pas çkyçjes ose skadimit. Në Moj Green i shihni pajisjet tuaja dhe mund ta çkyçni secilën prej tyre.
- Token për njoftime, nëse i lejoni njoftimet në telefon. Me të ju dërgojmë njoftime për faturë të re dhe për pagesë të pranuar, me muajin dhe shumën. Njoftimet kalojnë përmes shërbimit Expo (650 Industries, Inc., SHBA) dhe shërbimeve të njoftimeve të Apple dhe Google. Tokeni fshihet me çkyçjen. Cilat njoftime i dëshironi dhe gjuhën i ruajmë derisa ekziston llogaria, ndërsa njoftimet e dërguara 30 ditë.
- Ditari i aktiviteteve: kyçjet dhe çkyçjet, pagesat, paketat e aktivizuara dhe të çaktivizuara, me kohën dhe adresën IP, për siguri dhe për zgjidhjen e ankesave. Çdo shënim ruhet 12 muaj, pastaj fshihet.
- Pagesat me kartelë, përmes sistemit të pagesave CPay. Të dhënat e kartelës i jepni në faqen e CPay; Green nuk i sheh dhe nuk i ruan kurrë. Ne e ruajmë urdhrin e pagesës (faturat, shumën, numrin e linjës, kohën, adresën IP, përgjigjen dhe numrin e transaksionit nga CPay) së bashku me faturat, aq sa kërkojnë rregullat për dokumentet e kontabilitetit. Konfirmimin e pagesës e dërgojmë me SMS në linjë dhe me e-mail në adresën nga kontrata juaj, nëse e kemi.
Moj Green në faqen e internetit përdor një cookie (gsmg), vetëm për kyçjen: fshihet kur e mbyllni shfletuesin, dhe pas 30 minutash pa përdorim çkyçeni. Aplikacioni dhe faqja e internetit nuk kanë reklama, nuk përdorin mjete gjurmimi ose analitike dhe nuk i shesin të dhënat tuaja.
Faqja e internetit
- Pa kyçje në Moj Green, faqja nuk vendos cookies.
- Formularët (kontakt, bartja e numrit, klientë biznesi): të dhënat që jepni (emri, telefoni, e-mail, mesazhi, të dhënat për numrin) i përdorim vetëm për t’iu përgjigjur kërkesës dhe i ruajmë sa është e nevojshme për këtë. Adresën IP e ruajmë vetëm si gjurmë e enkriptuar, për të parandaluar keqpërdorimet.
- Pagesa e faturës pa kyçje: e jepni numrin e faturës, numrin e linjës dhe, nëse dëshironi, e-mail për konfirmimin. Pagesa kalon përmes CPay, si në Moj Green.
- Serveri i regjistron vizitat (adresën e faqes, kohën, adresën IP, shfletuesin) për siguri. Këto shënime ruhen 14 ditë.
Pse i përpunojmë
Për ta ofruar shërbimin që e kërkoni (kontrata e abonimit dhe Moj Green), për shkak të detyrimeve ligjore (Ligji për komunikimet elektronike, rregullat e kontabilitetit) dhe për interes legjitim: sigurinë e sistemeve dhe parandalimin e keqpërdorimeve. Njoftimet i dërgojmë vetëm nëse i lejoni; mund t’i çaktivizoni në Moj Green ose në cilësimet e telefonit.
Kush i merr të dhënat
Vetëm ofruesit e shërbimeve që na ndihmojnë dhe që i përpunojnë të dhënat në emrin tonë: CPay (pagesat), Expo, Apple dhe Google (njoftimet), hostingu dhe mbështetja teknike e serverëve, dhe operatori i rrjetit celular përmes të cilit Green i ofron shërbimet. Organeve shtetërore u japim të dhëna vetëm kur këtë e kërkon ligji. Njoftimet përmes Expo, Apple dhe Google mund të përpunohen edhe jashtë Maqedonisë së Veriut, me mbrojtjen që e kërkon ligji.
Të drejtat tuaja
Mund të kërkoni qasje në të dhënat tuaja, korrigjim, fshirje, kufizim të përpunimit dhe bartje të të dhënave, dhe të kundërshtoni përpunimin që bazohet në interes legjitim. Kërkesën dërgojeni në info@greenmobile.mk, me postë ose në një pikë shitjeje të Green; përgjigjemi brenda 30 ditëve. Nëse mendoni se ju janë shkelur të drejtat, mund të paraqitni kërkesë në Agjencinë për Mbrojtjen e të Dhënave Personale (azlp.mk).
Ndryshimet
Politikën e ndryshojmë kur ndryshojnë shërbimet ose rregullat. Versionin e ri e publikojmë në këtë faqe, me datën nga e cila vlen. Teksti në maqedonisht është detyrues.
Fshirja e llogarisë në Moj Green
Llogaria në Moj Green krijohet vetë me kyçjen e parë me kod SMS. Nëse dëshironi që ta fshijmë:
- na shkruani në info@greenmobile.mk, me numrin e linjës, ose
- telefononi qendrën e kontaktit në +389 73 173 173, mundësisht nga ajo linjë, ose ejani në një pikë shitjeje të Green.
Para fshirjes kontrollojmë se kërkesa është nga përdoruesi i linjës. Llogarinë e fshijmë brenda 30 ditëve nga kërkesa dhe ju njoftojmë kur të jetë fshirë.
Fshihen: llogaria, të gjitha kyçjet dhe pajisjet, tokenët dhe cilësimet e njoftimeve. Telefonat çkyçen.
Mbeten: ditari i aktiviteteve (çdo shënim deri në 12 muaj), urdhrat e pagesave (me faturat, aq sa kërkojnë rregullat) dhe gjithçka që është pjesë e kontratës së abonimit (linja, kontrata, faturat, pagesat): fshirja e llogarisë në Moj Green nuk e ndërpret kontratën. Nëse më vonë kyçeni sërish me kod SMS, krijohet llogari e re.